Предупредување за опасни горештини во југозападниот дел на САД, поплави во североисточниот

од Radmila Tasevska

Американските метеоролози објавија предупредување за опасна состојба од топлотниот бран што деновиве се очекува да го зафати југозападниот дел на САД.

Милиони луѓе се изложени на прекумерни горештини и состојбата се очекува да се влоши викендов и идната недела. Националната метеоролошка служба објави препораки за прекумерна атмосферска температура, будност и предупредување за огромна област каде живеат над 100 милиони Американци.

Опасна состојба е прогласена во низа држави од Калифорнија до јужна Флорида, ќе трае со денови и температурата на воздухот на некои места може да достигне 48 степени Целзиусови.

Прекумерни горештини се очекуваат во Оклахома, Луизијана и некои делови од Арканзас, јавија од службата.

Во североисточниот дел на САД пак се очекуваат уште поројни дождови пропратени со силен ветер, по оние пред неколку денови. Од службата прогнозираат нови врнежи во целиот регион наречен Нова Англија каде реките и потоците веќе се наполнети на рекордно ниво

Во Вермонт деновиве поројниот дожд зафатен неколку окрузи. Локалните медиуми јавуваат дека денеска едно лице се удавило во поплавите, регистрирано како прва жртва на природната катастрофа во Вермонт. Претходно, уште едно лица загина во мало гратче на брегот на реката Хадсон, 72 километри северно од градот Њујорк.

Слични содржини