Преговорите меѓу СОНК и МОН ќе продолжат во петок

од Nikola Popovski

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков попладнево информираше дека завршила денешната рунда на преговори со МОН, под покровителство на помирувач.

-Сите прашања кои се отворени, врз основа на нашите барања беа дискутирани, анализирани, аргументирани од двете страни. Преговорите продолжуваат во петок кога очекуваме и конкретни одговори на нашите предлози, објави Неделков.

Во четвртокот минатата недела штрајкот на вработените во основните и средните училишта беше ставен во мирување, по речиси три недели немање настава, а преговорите на СОНК и Владата одат преку медијација, односно медијатор од МТСП.

-Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот, рече денес Неделков пред средбата со МОН.

Слични содржини