Препорака од српски епидемиолог: Ситуацијата е алармантна, веднаш повлечете ги децата од градинка

од Aleksandar Petrovski

Се препорачува децата да бидат во домаќинството, доколку има некој да се грижи за нив, рече проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ, епидемиолог и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија.


– Кај младите луѓе кои работат, секако е тешко, но подобро е децата да не одат во градинка. Короната влезе во 17 градинки. Има болни деца – рече епидемиологот Тиодоровиќ.

Епидемиологот, кој процени дека во скоро време може да се прогласи вонредна состојба во Ниш, вели дека „се зголемил бројот на деца со вирус“ и во тој град.

– Точно, 90 отсто немаат сериозни проблеми, тие се само позитивни. Кај 10 отсто, се јавува температура од 37,5 или 38, што се одржува, но не надминува преку тоа или многу ретко. И тие деца немаат потешкотии при дишењето, но имаат главоболка. Сепак, тие реагираат добро на терапијата, како што ми кажаа педијатрите – додаде Тиодоровиќ.

Слични содржини