Претепана пензионерка хоспитализирана во „8 Септември“

од Nikola Popovski

Полицијата извести дека во Скопската полиција бил пријавен напад на 71-годишна жена.

Од Градската општа болница „8 Септември“ 10 минути по полноќ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71–годишна жена од Скопје.

-Според пријавеното, таа се здобила со повреди на 27.03.2024 околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н., информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини