При судир на камион и автобус во Германија повредени 52 лица

од desk4

Во денешниот судир на автобус од Полска и камион во источна Германија повредени се десетици луѓе.

Полицијата соопшти дека камионот удрил во страната на автобусот на автопатот А12 меѓу градовите Сторков и Федерсдорф, во германската покраина Бранденбур

Според полицијата, повредени се 52 лица, од кои 10 потешко, а состојбата на едно лице е критична.

Три хеликоптери, амбулантни возила и полиција се на местото на несреќата, каде дел од автопатот е затворен

Слични содржини