Приведен 50-годишник од Албанија кој допирал малолетничка по телото

од Nikola Popovski

Гостиварската полиција привела 50-годишник од Албанија кој двапати злоставувал малолетно девојче.

На 18.03.2024 година, околу 20.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово – Гостивар, приведено е 50-годишно лице, идентификувано како А.Т. со потекло од Република Албанија. Апсењето следува по пријава поднесена од 54-годишен гостиварец, во која детално се наведени алармантни инциденти со злоупотреба во кои била вмешана неговата малолетна ќерка.

Според портпаролот на СВР Тетово, под кој спаѓа Одделението за внатрешни работи Гостивар, албанскиот државјанин на 14-ти и 15-ти овој месец во Гостивар, во два наврати, му се доближувал на девојчето и ја допирал по телото.

-А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Слични содржини