Приведен кумановец кој дома криел 45 мигранти

од Берта Китинска

На 18.06.2022 во 22.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода У.Ф.(41) од Куманово.

При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија.

Во друг случај синоќа на автопатот Гевгелија –Скопје, приведени се Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес. При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија.

Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини