Приведена Австралијанка на скопскиот аеродром

од Nikola Popovski

МВР информира дека австралијанска државјанка ноќеска била приведена на скопскиот аеродром.

„На граничниот премин „Меѓународен аеродром”-Скопје од полициски службеници е приведена Н.Д.(29) од Австралија, бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека го има пречекорено дозволениот туристички престој во земјава“, велат од полицијата и додаваат дека лицето е предадено на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка.

Слични содржини