Приведени осумина ппоради сомнеж за регрутирање борци за ИД

од Vladimir Zorba

Белгиската полиција денеска спроведе антитерористичка акција во чии рамки е извршен претрес во девет куќи и се приведени осум лица под сомнеж дека регрутираат борци за редовите на групата Исламска држава (ИД) во Сирија и дека финансиски ја поддржуваат оваа џихадистичка организација.

images-32

Како што соопшти белгиското Федерално јавно обвинителство, претреси се извршени во куќи во една населба во Брисел, како и во градовите Бриж, Антверпен и Синт Никлас.

При претресите не е пронајдено никакво оружје, ниту експлозив, се додава во соопштението.

Слични содржини