Приведени шест лица во Велес за издржување затворски казни

од Vladimir Zorba

На 18.12.2021 полициски службеници од СВР Велес, врз основа на судска наредба, ги привеле Б.А.(40), Н.П.(21), Ј.Ј.(39), М.А.(24), И.У.(40) и Р.С.(30), сите од Велес. За нив биле распишани потерници за издржување затворски казни.

Р.С. била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а останатите пет лица биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.

Слични содржини