„Продадоа голем број предмети“: Таткото на Ејми Вајнхаус тужи две нејзини пријателки

од Stefanija Kuzmanovska

Мич Вајнхаус, таткото на прерано починатата пејачка Ејми Вајнхаус, ги тужеше стилистката Наоми Пери и девојката за која се шпекулираше дека е во врска со Ејми – Катриона Гурлеј.

Како што пишува „The Sun“, тој ја поднел тужбата бидејќи тие наводно ги задржале парите од продажбата на работите на неговата ќерка и заработиле над три милиони фунти на аукција одржана во 2021 година во Беверли Хилс.

„Тие требаше да ги вратат парите во фонд формиран за зачувување на споменот на Ејми, но никогаш не го сторија тоа“, навел Мич.

Според понатамошните извештаи, стилистотката на Ејми го продала фустанот кој пејачката го носела на нејзиниот последен концерт во Белград за дури 200.000 фунти. Според споменатите медиуми, меѓу продадените предмети имало и белешки на Вајнхаус.

„Две лица продадоа голем број предмети на таа аукција и ги задржаа приходите. Сите предмети беа поврзани со Ејми. Оваа година тие ставија повеќе предмети поврзани со Ејми на аукција. Двете аукции донесоа по шестцифрени суми за секоја од нив“, се вели во соопштението на фондацијата.

Слични содржини