Проф. Глигоров за мерките: Личната слобода се брише пред општествената, доколку придонесува за ризикот на целиот систем

од Nikola Popovski

Личната слобода се брише пред општествената слобода. Ако личната слобода придонесува за ризик на целиот систем да не биде слободен, тогаш е ризик да се оди само на лична слобода, вели онкологот Жозеф Глигоров, кој е еден од најугледните професори на „Сорбона“ универзитетот во Франција, во интервју за ТВ 24.

Според него, во Франција од 1-ви септември во болниците ќе биде задолжителна вакцинацијата на медицинските лица, без разлика дали станува збор за хирург или медицинска сестра.

За високата смртност од Ковид-19 во Македонија, тој вели дека таа е релативно блиска со бројките од другите земји.

-Треба во предвид да се земат некои фактори, кои што се ризик за морталитетот на вирусот. Повеќето од луѓето кои се млади и здрави, и да имаат Ковид-19 нема да имаат тешка форма на болеста, но не значи дека ако немаат немаат тежок тек, дека не можат да го пренесат вирусот. Затоа и тие треба да се вакцинираат и маски да носа, рече Глигоров.

Слични содржини