Професор во Берлин ја спореди вакцината против корона со холокаустот, мора да плати казна од 3.000 евра

од Stefanija Kuzmanovska

Професор во германската престолнина Берлин вчера бил казнет со 3.000 евра поради поттикнување омраза споредувајќи ја вакцината против коронавирус со холокаустот. 62-годишниот професор, кој предавал во стручно училиште, го банализирал убиството на шест милиони Евреи, одлучи вчера окружниот суд.

Во 2021 година, обвинетиот објави видео на онлајн платформа на кое се гледа вратата на нацистичкиот концентрационен логор, а наместо озлогласениот слоган „Arbeit macht frei“ (работата ослободува) кој беше пронајден на влезот во таквите логори, тој ставил напис „ Impfen macht frei“ (вакцинацијата ослободува).

Според обвинението, во друго видео тој ги споредил мерките на германската влада за борба против коронавирусот со холокаустот.

Поистоветувањето на историската неправда со мерките против коронавирусот „е банализирање“, навела судијката, повикувајќи се на претходна одлука на Уставниот суд во Берлин во сличен случај.

Судијката додала дека очекува обвинетиот да поднесе жалба на пресудата.

Градот го отпушти професорот во август 2021 година, поради што тој започна постапка пред судот. Нему му беше доделена отпремнина од 72.000 евра, но судот за работни односи одлучи дека не е разумно да се очекува Берлин да му дозволи да се врати на своето работно место.

Слични содржини