ПРОМАШУВАЊЕ на сезоната во Англија! Го лобуваше голманот, беше пред празна мрежа и … (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Топката практично сама се тркала на „островот“, а ние веќе го имаме промашувањето на сезоната. Не, ова не е за Премиер лигата, туку за третиот ранг на натпреварувањето, Лига 1.

Се работи за натпревар Челтенхем – Ипсвич, кој заврши со победа на домаќините – 2:1 (0:1). Прашањето е, сепак. каков би бил исходот ако гостите искористеа огромна шанса при водство од 1-0, добиена во деветтата минута.

Во 12 -тата минута Мекаули Бон успеа да ја направи потешката работа – да промаши. Се најде во феноменална шанса и ја уништи. Гостинскиот играч го лобуваше голманот на Челтенхем, Овен Еванс, истрча кон празната мрежа и…

Тој се сплетка, ја промаши топката првиот пат, а потоа ја погоди стативата. Погледнете.

Слични содржини