Промени во ДИК: Даштевски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ?

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ утре треба да одлучи кој ќе биде нивниот кандидат за претседател на ДИК, а според информациите од партијата, проф. д-р Александар Даштевски ќе биде нивниот избор.

Неговата професионална биографија открива дека од 1989 до 1998 бил адвокат, а во декември 1998 станал советник во тогашната влада ( на Љубчо Георгиевски), но на таа позиција се задржал околу три месеци, па во март 1999 станал советник во Царинската управа, а по недела година станал и помошник директор во оваа институција, каде се задржал до септември 2003. Даштевски, беше на чело на Комисијата за антидискриминација во време кога Комисијата утврди дека поранешниот премиер, Никола Груевски бил жртва на политичка дискриминација.

За член на ДИК, најверојатно партијата ќе го одбере Бобан Стојановски, дипломиран правник вработен во Собранието на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, како водечка партија во опозиција, ќе добие две места од кои едното претседателско . Како втора опозициска партија во парламентот, едно место во ДИК би добила и Алијанса за Албанците.

Најголемата опозициска партија, во актуелниот состав на ДИК, кој е на заминување, исто така, имаше претседател – Оливер Деркоски, додека членка на Комисијата од најголемата опозициска партија е Елизабета Постоловска.

Слични содржини