Пронајден починат мигрант во езеро

од Milan1

Тело на машко лице, мигрант, било пронајдено во водите на езерото во кумановското село Речица, соопшти денеска СВР Куманово. На телото немало траги на насилство.

– Вчера во 16:03 часот во СВР Куманово било пријавено дека во водите на езерото во село Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, информираше полицијата.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребно претпријатие.

Слични содржини