Пронајдени 61 мигрант во товарно возило на автопатот Неготино-Скопје

од Vlatko K

Вкупно 61 мигрант затекнала полицијата во товарно возило со скопски регистарски ознаки синоќа на автопатопатот Неготино-Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, вчера околу 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Скопје, во близина на надвозник Виничани, било забележано како од товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое било застанато, се симнуваат повеќе лица. Полициски службеници излегле на местото и во возилото пронашле 61 мигранти (45 од Пакистан 45, девет од Авганистан, шест од Бангладеш и еден од Индија).

За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Слични содржини