Просечната температура на Земјата на рекордно високо ниво три дена по ред

од Stefanija Kuzmanovska

Просечната температура на Земјата три дена по ред останува на рекордно високо ниво, што е најнов показател за климатските промени.

Просечната глобална температура на планетата беше 17,18 степени Целзиусови во средата, според Универзитетот во Мејн, кој користи сателитски податоци и компјутерски симулации за мерење.

Тоа се совпадна со рекордот поставен во вторникот од 17,18 степени Целзиусови, а претходниот рекорд од 17,01 Целзиусови степени беше поставен во понеделникот, пренесе АП.

Слични содржини