Првата личност што се излечи од ХИВ, почина од рак

од Aleksandar Petrovski

Првиот човек излечен од ХИВ, Тимоти Реј Браун, почина на 54-годишна возраст од рак.

Браун, исто така познат како „Берлински пациент“, се излекувал од ХИВ во 2007 година откако му била трансплантиранао коскена срцевина на пациент природно отпорен на ХИВ, што значело дека повеќе не му требаат антивирусни лекови и беше исчистен од вирус што може да доведе до СИДА, пренесува BBC.

Браун, со американско потекло, живеел во Берлин од 1995 година, а во 2007 година се разболел од акутна миелоидна леукемија, чиј третман вклучува уништување на коскена срцевина, која произведува клетки на рак и трансплантација на коскена срцевина.

По третманот, нивото на ХИВ во крвта на Браун паднало на неочекувано ниво, но на почетокот на годината, тој доби леукемија, која се прошири на мозокот и ‘рбетниот мозок.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот партнер на Фејсбук, наведувајќи дека тој починал опкружен со пријатели.

Наведено е дека терапијата што довела до лекување на ХИВ е премногу ризична, но и скапа за 38 милиони луѓе кои живеат со ХИВ.

Покрај Браун, на почетокот на годината се излечи и друго лице од ХИВ, Адам Кастиљехо, познат како „Лондонски пациент“, кој прими слична терапија.

Слични содржини