ПРВИ СНИМКИ од силниот земјотрес во Индонезија, загинаа најмалку 46 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска неколку секунди го потресе главниот град на Индонезија, Џакарта, а загинаа десетици луѓе.

„Во регионалната болница Цианџур има 46 мртви и околу 700 повредени“, соопшти Националната агенција за итни случаи.

Локалните власти соопштија дека се оштетени десетици згради, вклучително и куќи.

Бирото за метеорологија и геофизика (BMKG) претходно соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри.

Слични содржини