ПСЖ го искушува Пјаниќ со двојна плата и долгорочен договор

од Vladimir Zorba

ПСЖ ќе го направи и невозможното да го привлече во текот на летото фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ, тврди „Кориере дела Сера“.

Според последните информации, „принцовите“ се подготвени да ја тестираат одлучноста на тимот од Торино да го задржат босанскиот репрезентативец во своите редови.

Тимот од Париз ќе му предложи на Пјаниќ договор за пет години и плата во вредност од 8 милиони евра по сезона, што е речиси двојно од она што тој го прибира во Торино.

Халфот игра за 4,5 милиони евра кај „бјанконерите“.

Пјаниќ е добро познато име во Лига 1, откако беше дел од Лион пред да премине во Рома во 2011 година.

Слични содржини