Пукање во Швајцарија, убиени две лица

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа, а едно е рането во престрелка која се случила денеска во швајцарскиот град Сион, соопшти полицијата.

Осомничениот за пукањето не е идентификуван, јавува „Ројтерс“.

Полицијата во кантонот Вале соопшти дека напаѓачот испукал неколку истрели на две различни локации во градот Сион, кој има околу 35.000 жители.

Мотивот за нападот не е познат, а според првичните информации сторителот ги познавал своите жртви, соопшти полицијата.

Слични содржини