Путин го покорува светот со овие 3 проекти: И сето тоа без испукан куршум, Западот може само да гледа

од desk2

Русија, најголемиот произведувач на гас, го зголемува своето влијание во Европа и Азија со изградба на гасоводи кои ја поврзуваат нејзината територија со овие региони и и овозможуваат да ги обезбеди со овој драгоцен ресурс.

Конкретно, тоа е Северен Тек 2, Сила на Сибир и Турски тек, пишува “Bloomberg”.

Оваа агенција истакнува дека Русија испорачувала гас во Европа уште од крајот на Втората светска војна. Минатата година, оваа земја обезбедила третина од европската побарувачка со гориво.

Експертите исто така предвидуваат дека до 2025. година Москва ќе обезбеди 40 проценти од вкупната количина гас за овој континент. Ова би можело да биде олеснето со зголемената побарувачка за гас од Кина и нивните азиски соседи, како и намаленото производство на гасното поле Гронинген во Холандија.

Треба да се нагласи дека затворањето на последниот нуклеарен реактор и бројните термоелектрани во Германија во 2022. година ќе доведат до зголемена побарувачка.

“Bloobmerg” тврди дека руските гасни проекти исто така имаат и непријатели, посебно американскиот претседател Доналд Трамп, кој Германија ја нарекол “заложник на Москва” и потпишал закон со кој се наметнуваат санкции на компаниите кои соработуваат со Северен Тек 2. Покрај САД, до 2022. година Полска планира да престане да купува руски гас и да го замени со норвешки.

Истовремено, германските власти истакнуваат дека Москва веќе со децении е доверлив добавувач – ни Студената војна, ни ескалацијата на тензиите во односите поради ситуацијата во Украина тоа не го спречиле. Претпријатијата во Германија исто така истакнуваат дека се поголемото влијание на руската компанија “Gazprom” не предизвикува никаква загриженост.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=ht0U0pbIAjU

Во 2014. година, “Gazprom” потпишал 30-годишен договор со кинеската Национална петрохемиска корпорација и се согласил да доставува 38 милијарди кубни метри руски гас годишно преку гасоводот Сила на Сибир.

Гасоводот исто така ќе пренесува гас од производните центри Иркутск и Јакутија до потрошувачите на источниот дел на Русија.

Вториот важен гасовод е Северен Тек 2, кој претставува заеднички потфат на рускиот гасен гигант “Gazprom” и пет европски компании. Целта на проектот е да обезбеди 55 милијарди кубни метри руски природен гас годишно директно до Европската унија преку Балтичкото море.

Кога зборуваме за моменталниот турски проект, вреди да се нагласи дека тој е најавен од крајот на 2014. година од страна на рускиот претседател Владимир Путин во текот на официјалната посета на Турција. Во ноември 2015. година овој проект е суспендиран откако рускиот “Su-24” бил соборен од турските сили во Сирија. Односните меѓу Москва и Анкара биле обновени во јуни минатата година, по турското извинување на Русија.

Во октомври 2016. година, Москва и Анкара потпишале меѓувладин договор за изградба на два поморски гасоводи преку Црното море. Проценето е дека годишниот капацитет на секоја линија достигнува 15,75 милијарди кубни метри природен гас.

Слични содржини