Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Путин работи со полна пареа, но преку видео врска

Путин работи со полна пареа, но преку видео врска

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ќе одржи владина седница преку видеоконференциска врска, соопшти Кремљ.

Одлуката е донесена само еден ден откако беше потврдено дека лекарот, кој минатата недела се сретна со Путин, е позитивен на новиот коронавирус.

Путин минатата недела посети болница во Москва, каде се згрижени пациентите со Ковид-19 и се ракуваше со директорот на болницата Денис Прошенко, кој сега е во самоизолација во својата канцеларија.

Кремљ додаде дека здраствената состојба на Путин е добра, оти тој држи дистанца од другите луѓе и ќе работи од далечина.

Во Русија досега се регистирани 2.777 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 24 починаа, а 190 оздравеле.

loading...