Рано е да се зборува за Скудетото, кажа Инзаги по триумфот над Јувентус

од Vladimir Zorba

Тренерот на Интер – Симоне Инзаги, ја прокоментира победата на неговиот тим против екипата на Јувентус со минимални 1:0 во средбата од 23. коло од италијанската Серија „А“.

Успехот беше од големо значење за „нероаѕурите“ во борбата за скудетото, бидејќи на крајот од сезоната трите бода освоени против „бјанконерите“ може да бидат решавачки.

„Ја заслуживме оваа важна победа, тоа го посакуваше целиот тим. Ја контролиравме играта и задоволни сме од она што го видовме на теренот. Сепак, рано е да се зборува за Скудетото, има долг пат да се изоди. Јувентус и Милан нема лесно да се предадат. Шчесни направи неколку неверојатни одбрани, но видов дека мојот тим е сконцентриран, дозволивме противникот да направи само еден контра напад во целиот натпревар. Момците завршија одлична работа во последните седум месеци, мораме да продолжиме во истиот дух“, изјави Инзаги, цитиран од DAZN.

Слични содржини