Раст на извозот, намален увозот

од Vladimir Zorba

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни годинава, изнесува 4 251 741 илјади евра, и бележи пораст од 3.8% во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, пак, во првото полугодие е 5 537 740 илјади евра што е за 7.4% помалку во споредба со претходната година. Трговскиот дефицит изнесува 1 285 999 илјади евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Слични содржини