Расте бројот на смртни случаи заради алкохол: Русите покрај епидемијата пред уште еден голем проблем

од Aleksandar Petrovski

Министерот за здравство на Русија најави дека земјата треба да воведе нови правила во врска со набавка на алкохол и дека набавката ќе биде легална само кога граѓаните ќе наполнат 21 година. Ова се должи на фактот дека за време на епидемијата на вирусот корона, имало бројни смртни случаи поврзани со потрошувачката на алкохолни пиј

– За жал, улогата на алкохол започна да влијае на зголемувањето на смртните случаи во овој период – рече Михаил Марушко пред парламентот.

Тој рече дека треба да се зголеми прагот од 18 на 21 со цел набавката на алкохол да биде легална, и додаде дека требаше веќе да се направи тоа.

Во претходните неколку години, во Русија имало неколку слични обиди, пишува „Москва Тајмс“.
Иако не ги објави точните броеви, Марушко рече дека тој се зголемил за време на епидемијата на вирусот корона.

Русија генерално се смета за нација во која алкохолните пијалоци се една од омилените работи, но различните кампањи против алкохолизам ја одржуваа ситуацијата под контрола до пред неколку години. Сепак, експертите предупредуваат дека сега има проблем.

Официјалните лица тврдат дека продажбата на алкохол скокна откако Русија воведе изолација на крајот на март.

За потсетување, Русија е втора земја во светот во однос на бројот на заразени со вирусот корона со над 240.000 заразени.

Слични содржини