Расте бројот на заразени во соседството: Нови 227 случаи во Србија, двајца починати

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 227 нови случаи, а две лица починале како резултат на коронавирусот Досега биле регистрирани вкупно 13.792 позитивни случаи, а 267 лица починале од почетокот на епидемијата.

Како што било објавено на веб-страницата на српското Министерство за здравство, во последните 24 часа биле тестирани 5.933 лица, од кои 227 биле позитивни, а од почетокот на епидемијата во Србија, тестирани биле вкупно 380.808 лица.

Активни се 1.187 случаи, а моментално има 32 пациенти на респираторна машина.

Податоците за бројот на излекувани пациенти не биле објавени, а стапката на морталитет е 1,94 проценти.

Слични содржини