Петре Шилегов се обидува да го испере од срамот неговиот партиски шеф за скандалозната соработка со странска служба, се вели во реакцијата на ВМВРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролот на СДСМ Шилегов.

Зоран Заев, како што е наведено, сам признал дека соработувал со странска тајна служба и кажал дека се заканувал и го уценувал државниот врв во Република Македонија.

– Повторно го повикуваме Јавното обвинителство да открие од каде се снимките на кои Заев признава соработка со тајна странска служба, дали смее да се објавуваат вакви снимки, кој го сторил тоа и дали е од законски издадени ПИМ мерки или не е, и за што станува збор, се вели во реакцијата.

ВМРО – ДПМНЕ посочува дека Шилегов е заплеткан во скандали со неговиот имот и приходи, а го брани партискиот шеф кој сам признал дека соработува со странски служби и се заканува на демократски избрани функционери./МИА

Слични содржини