Реал ги нуди Бејл, Крос или Иско како дел од договорот со Погба

од Aleksandar Petrovski

Реал Мадрид е подготвен да му понуди на Манчестер Јунајтед некој од Герет Бејл, Тони Крос и Иско како дел од договорот за играчотод средниот ред на Пол Погба. Според „Сан“, „белиот“ ментор Зинедин Зидан не ја напуштил идејата за привлекување на својот сонародник и е подготвен да ги понуди тројцата споменати играчи за да ја постигне својата цел.

На оваа листа може да се додаде Лука Модриќ, за кого Јунајтед се интересираше претходно. Според „Сан“, двата клуба се во преговори, а за последно разговарале на темата минатата недела. Понудата е доста флексибилна и англискиот клуб е во можност да избере еден или повеќе од споменатите играчи кои се вклучени во размената.

Проблемот е што двата клуба различно ја вреднуваат вредноста на соодветните играчи, што пак ќе ја одреди големината на финансискиот дел од договорот. Друга пречка се големите плати на ѕвездите на Реал, особено на Бејл, кој добива околу 600.000 неделно. Јунајтед и натаму инсистира на тоа дека цената на Погба е 150 милиони фунти.

Слични содржини