Реал Мадрид работи на повторување на операцијата „Варан“

од Vladimir Zorba

Реал Мадрид, како и Пари Сен Жермен, покажуваат сериозен интерес за централниот дефанзивец Лени Јоро од Лил. Има само 18 години, но од својата 16-та година е дел од првиот тим.

Сепак, шпанскиот клуб се надева дека следното лето Јоро ќе одбие повторно да го потпише договорот со Лил, кој во основа му истекува во 2025. Со тоа „кучињата“ би биле „принудени“ да ги намалат бараните 60 милиони евра, што би ги зголемило шансите на Реал.

Јоро донекаде по стилот на игра наликува на Рафаел Варан кој исто така беше купен од Реал Мадрид како 18-годишник.

Лени Јоро е роден во Франција, а неговиот татко е со потекло од Брегот на Слоновата Коска, што му дава можност да избере за која од двете машки репрезентации да игра.

Слични содржини