Ребека Лос тврди дека додека имала афера со Бекам, го „фатила“ фудбалерот во кревет со манекенка

од Stefanija Kuzmanovska

Ребека Лос, жената која имала афера со Дејвид Бекам во раните 2000-ти, се присетила како била „многу повредена“ кога наводно го фатила фудбалерот во кревет со друга жена.

Поранешната лична асистентка на Бекам, Ребека Лос (46), тврди дека била на забава со Дејвид Бекам (48), кој „се криел длабоко во градината“ додека разговарал со шпанска манекенка.

„Тоа ме повреди“, изјави Лос за „Дејли Меил Сандеј“, потсетувајќи се на забавата во куќата на фудбалската легенда Роналд Назарио на 22 септември 2003 година.

Нејзината ноќ се променила кога сопругата на Дејвид, Викторија Бекам ѝ се јавила на мобилен телефон.

„Беше вознемирена бидејќи му звонела на Дејвид, а тој не одговорил“, објасни Лос.

„Реков дека не знам каде е, а таа ми рече: ‘Не ја спуштај слушалката, оди и најди го’“, продолжи таа.

„Реков ‘Во ред’. Влегов во куќата и се качив по скалите и ги видов двајцата телохранители на Дејвид пред вратата“.

Холандската убавица му кажала на обезбедувањето на фудбалската ѕвезда дека неговата сопруга е на телефон, а еден од телохранителите веднаш влегол во спалната соба и го викнал Дејвид, пишува Page Six.

„Кога се врати, Дејвид беше со него. Ја видов манекенката во позадина како лежи на креветот. Бев лута и само го погледнав, му го подадов телефонот и само му реков ‘твојата сопруга’“, изјави Лос.

Поранешниот капитен на Англија наводно тивко разговарал со Викторија (49) пред да му го врати телефонот на Лос.

„Бев толку повредена“, рече таа. „Беше страшно чувство и си помислив: ‘Ти си будала’“, продолжи таа.

Слични содржини