Состојки:
1 кг брашно
1 коцка квасец
2 лажички шеќер
сол
150 мл вода
150 мл млеко
100 мл масло
2 јајца
200 г спанаќ
1 кромид, исечкан
150 г урдаc31818d3277295b43bf5556b341780c2

Подготовка:
Прво квас од квасецот, малку од млекото, шеќерот и топла вода. Додадете неколку лажици и брашното.
Откако смесата ќе се раствори, по околу 20 минути, додадете го постепено останатото брашно, млеко, сол, 1 јајце и маслото. Замесете меко тесто и оставете го да нарасне за половина час.

Додека чекате тестото да нарасне, запржете во загреано масло кромид и спанаќ, додека не оменкат. Малку пред да го извадите од огнот, додадете и урда, промешајте и отстранете од топлина.

Расукајте го тестото во правоаголна форма. Распостелете го зајрето во средината. Исечете го тесто од двете страни, за да се добијат ленти. Сплетете ги лентите, за да се добие нешто како плетенка.

Откако сте го обликувале тестото, намачкајте го со другото, однапред скршено јајце. Печете во загреана рерна на 220 степени околу 40 минути.

Слични содржини