Рецепт за брзи чоколадни брауни со банани

од Stefanija Kuzmanovska

Колач од само две состојки на кој тешко може да се одолее.

Состојки:

– 350 гр чоколадо за готвење

– 3 добро испасирани банани

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете го садот за печење со хартија за печење.

Чоколадото растопете го на пареа или во микробранова печка. Во растопеното чоколадо додадете ги испасираните банани и мешајте додека смесата не се изедначи.

Префрлете ја смесата во плех или сад за печење и печете 35 до 40 минути, додека рабовите на колачот не почнат да се оддалечуваат од страните на плехот или друг сад за печење.

Оставете го колачот на собна температура да се стегне, околу половина час, пред да го исечете и послужете.

Слични содржини