Речиси 80 отсто од Британците велат дека вежбањето позитивно влијае на нивното ментално здравје

од Vladimir Zorba

Речиси 80 отсто од Британците велат дека одењето во теретана позитивно влијае на нивното ментално здравје, покажа истражувањето на агенцијата „ukactive“.

Во исто време, 66 отсто од испитаниците изјавиле дека вежбањето им помага подобро да спијат, додека 55 отсто од нив веруваат дека одењето во теретана им помага да се справат со одредени здравствени проблеми, пренесе „Гардијан“.

„Јасно е дека се повеќе луѓе ја гледаат вистинската важност на физичката активност и нејзината улога во водење исполнет живот“, вели извршниот директор на ukactive, Хју Едвардс.

Слични содржини