Ременски: Воопшто не сум задоволна од излезноста на нашето членство

од Берта Китинска

Од она што го слушам и од Централната изборната комисија, воопшто не сум задоволна од излезноста на нашето членство. Тоа е сериозно прашање за една внатрепартиска дискусија во однос на она што го очекуваме и како исход и како резултат. Можеби не се толку важни резултатите, како прашањето зошто нашето членство одлучи да не излезе на изборите. Имам забелешки и ќе ги кажам, рече кандидатката за претседател на СДСМ Фросина Ременски, вечерва, по завршувањето на гласањето на вонредните внатрепартиски избори.

– Верувам и знам дека предноста секако ја имаше Ковачевски. Ќе ги слушнам резултатите, ќе му подадам рака и ќе му посакам се најдобро, ќе му порачам да се погрижи многу повеќе за она што значи партиска работа, обединување на партијата. Се надевам дека после вакви резултати ќе може да направи многу повеќе и можеби ќе се отвори онаа дискусија во партијата дали е возможно премиер и претседател на партија да менаџира вака сериозни процеси, истакна Ременски.

Слични содржини