Решена мистеријата на големата маса меѓу Путин и Макрон

од Milan1

Францускиот претседател Емануел Макрон го отфрли барањето на Кремљ да направи руски тест за Ковид-19 пред средбата со рускиот лидер Владимир Путин и затоа мораше да држи дистанца за време на состанокот, изјавија за Ројтерс две лица од окружувањето на Макрон.

Двајцата претседатели во понеделникот во Москва разговарале за украинската криза, а на сите им било очигледно дека седат на спротивните краеви на огромна маса долга четири метри, пренесува „Гардијан“.

Некои дипломати сугерираат дека Путин можеби сакал да испрати дипломатска порака, но два извори запознаени со здравствениот протокол на францускиот претседател изјавиле за Ројтерс дека Макрон има избор,  или да прифати ПЦР тест од руските власти и да му биде дозволено да му пријде на Путин или да одбие и да се држи на дистанца.

„Не можевме да прифатиме дека ја добијат ДНК на претседателот“, изјави француски извор за Ројтерс.
Кремљ не одговори на барањето на Ројтерс да ги коментира наводите.

Друг извор од опкружувањето на Макрон потврди дека претседателот на Франција одбил да направи руски ПЦР тест и изјавил дека Макрон наместо тоа направил француски ПЦР тест пред заминувањето и антиген тест во Русија, што го направил неговиот лекар, јави Танјуг.

„Гардијан“ потсетува дека во четвртокот, три дена по средбата на Макрон и Путин, рускиот лидер го примил казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, се ракувал со него и седнале блиску еден до друг, разделени само со мала маса.

Слични содржини