РИБАКИНА ГО ПОКОРИ ЛОНДОН: Казахстанката стигна до првата Гренд слем титула во кариерата

од Vladimir Zorba

Заврши „Вимблдон“ во женската тениска конкуренција. Трофејот и припадна на Елена Рибакина, која во финалето ја совлада Тунижанката Онс Џабер со 3:6, 6:2, 6:2.

За двете ова беше прво Гренд слем финале, а на крајот успеа да го освои Казахстанката (23-та на ВТА листата).

За неа мечот не започна најдобро, бидејќи втората тенисерка во светот одлично го одигра првиот сет, но тоа не ја поколеба 23-годишната Рибакина, која сериозно го подигна нивото на игра во продолжението од дуелот и по пресврт дојде до конечен триумф во „Ол Ингланд клубот“.

Ова беше увертира за она што следува, а тоа е машкото финале закажано за во недела во 15 часот, каде се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Ник Киргиос.

Слични содржини