Рикардо и Ред Бул на врвот на „Каталуња“

од Vladimir Zorba

Даниел Рикардо и Ред Бул го поставија темпото на првиот ден од тестот во Формула 1 во Барселона.

Австралиецот беше единствениот кој стигна до лимитот од 100 круга, откако заврте 105, од кои најдобриот беше за време од 1: 20.179.

Тој го надмина за 0.170 стотинки Валтери Ботас (58 круга) од Мерцедес, откако и двајцата беа со медиум гуми. Трет беше Кими Раиконен, кој направи 80 круга со новиот Ферари, губејќи помалку од 3 десетинки со софт гуми.

Светскиот шампион Луис Хамилтон седна во болидот на Мерцедес попладне, но направи само 25 круга, бидејќи и времето се влоши, а и заврна дожд кој ги збрка работите.

Нико Хулкенберг со Рено остана четврти, исто така со малку заостанување од околу четири десетини, исто така, со медиум. Фернандо Алонсо ги надмина проблемите од утрото, откако даде петто време, на 1,2 секунди, но постигнувањето беше подобро од сè што Мекларен направи минатата година за време на тестовите со Хонда.

Но, Јапонците исто така беа задоволни затоа што Брендан Хартли сврте 93 круга без технички проблеми.

„Првиот впечаток е дека многу интересна сезона нè чека. Нашите перформанси беа цврсти“, рече шефот на Мерцедес-Бенц, Тото Вулф.

Слични содржини