Русија постојано напаѓа, Украина не е спремна за контраофанзива

од desk4

Украина нема доволно воена опрема за да започне контраофанзива против Русија, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот Зеленски. Русија изврши исклучително интензивен воздушен напад врз Киев во раните утрински часови во вторникот, користејќи беспилотни летала, крстаречки и можеби балистички ракети, соопштија градските власти. Главниот командант на Украина, Валериј Залужни, рече дека бранителите на Киев собориле 18 од вкупно 18 руски ракети и беспилотни летала.

Лондон сака да формира „меѓународна коалиција“ за да и помогне на Украина да добие борбени авиони Ф-16, изјавија во вторникот од Даунинг Стрит по средбата меѓу британскиот премиер Риши Сунак и неговиот холандски колега Марк Руте.

Слични содржини