Русија се огласи по падот на „Иљушин“: „САД и Германија да истражат дали бил употребен проектил“

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ќе бара да се испита дали нивниот авион „Ил-76“, во кој имало 74 лица, бил соборен недалеку од границата со Украина, пренесуваат медиумите.

Државната дума соопшти дека ќе испрати барање до САД и Германија да истражат дали бил употребен проектил во моментот на падот на авионот.

„Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, нареди да се подготви апел до американскиот Конгрес и Бундестагот во врска со соборувањето на Ил-76 во регионот на Белгород, а исто така предложи да се открие кои ракети или фрлачи се користени“, се вели во соопштението.

Авионот се урна околу 11 часот по московско време во близина на Белгород. Засега нема информации дали има преживеани.

На местото на настанот се испратени бројни спасувачки екипи.

Слични содржини