Руски хакер баран од ФБИ: „Не се плашам од американската влада, го запалив пасошот“

од Stefanija Kuzmanovska

Најбараниот руски хакер Михаил Павлович Матвејев, по кого ФБИ распиша потерница за сајбер-злосторства и понуди 10 милиони долари за информации кои ќе доведат до негово апсење, во онлајн интервју за TechCrunch изјави дека неговиот живот не се променил многу поради тоа.

„Ние сме Руси, не се плашиме од американската влада“, рече Матвејев, истакнувајќи дека американските санкции против него се всушност гаранција дека Москва нема да го екстрадира во Вашингтон.

Тој изјавил и дека си го запалил пасошот и повеќе нема да патува надвор од Русија поради можноста да биде уапсен.

Слични содржини