С. Македонија ќе стане членка на ЕУ, потврди Вархеји

од Nikola Popovski

Тоа што го симболизира овој состанок е дека С. Македонија ќе стане земја-членка на ЕУ, изјави еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји на прес-конференцијата по завршувањето на XVI Состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ.

Тој потенцира дека процесот на скрининг што го започна С. Македонија е важен дел.

-Тука правиме целосна анализа на правниот систем на земјата-кандидат и врз основа на тоа можеме да преговараме за деталите за условите за влез. Важно е сега државата да не забави, туку да ја забрза својата работа за спроведување на реформите, кои се од интерес за нејзините граѓаните. Потребно ни е национално единство за членството да оди напред, рече Вархеји на заедничката прес-конференција во Владата со потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел и премиерот Димитар Ковачевски.

Еврокомесарот додаде дека македонската Влада и Собранието треба да ја забрзаат работата на реформите.

Слични содржини