САД ѝ воведоа нов пакет санкции на Русија

од Destan Jonuzi

Американското Министерство за финансии денеска објави дека вовело нови санкции насочени кон руското учество во секторот за ископ на никел во Гватемала.

Санкции се изречени на компанијата „Guatemalteca de Diekel Pronicoand Mahanickel“, која е филијала на инвестициската групација „Солвеј“ во Гватемала.

Како дел од оваа акција, американското Министерство за финансии го санкционира Дмитриј Кудрјаков, кој раководи со рударските операции на „Солвеј“ во Гватемала и за белоруски државјанин одговорен за, како што се наведува, мито и корупција.

Слични содржини