САД со поддршката на Преспанскиот договор, остануваат фокусирани на регионот

од Vlatko K
 Историскиот Преспански договор го отвори патот Северна Македонија да стане 30-та членка на Алијансата и да ја забрза нејзината европска интеграција. Земјата сега е на вистинското место во Европа и во НАТО. Овој Договор, како што посочи поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, докажува дека длабоко вкоренети историски конфликти може да се надминат. Во оваа смисла, посочи, САД ќе продолжат да даваат поддршка на аспирациите на сите земји од Западен Балкан со цел тие да обезбедат членство во ЕУ.

Слични содржини