САД: Турција распоредува платеници од Сирија во Нагорно Карабах?

од Nikola Popovski

Стотици сириски платеници ангажирани од Турција се распоредени во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, тврди „Волстрит журнал“ (WSJ)), повикувајќи се на извори вклучени во испраќањето на сириски борци.

Во извештајот на WSJ се наведува дека „стотици платеници од сириските вооружени фракции блиски до Турција се приклучија на борбите меѓу Азербејџан и Ерменија“ и дека стотици други се подготвуваат да одат на фронтот во Нагорно Карабах, објави ТАСС.

Врз основа на информации од извор поврзан со сириските вооружени фракции поддржани од Анкара, досега се убиени околу 200 сириски борци, па многумина се обидуваат да се вратат во Сирија.

Истиот извор наведува дека сириските платеници се согласуваат да се борат за плата од околу 2 илјади американски долари, но дека бројот на жртви меѓу нив се зголемува.

Цитирајќи информации од Министерството за одбрана на САД, WSJ тврди дека Турција веќе испратила близу 5.000 платеници од Сирија и Либија.

Анкара ги негирала обвинувањата дека испраќа платеници во Нагорно Карабах.

Слични содржини