Санчез: Мојата прва заложба ќе биде признавањето на палестинската држава

од Vladimir Zorba

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој минатата недела доби нов четиригодишен мандат на чело на владата, в четврток ќе отпатува за Израел и ќе ги посети палестинските територии, соопштија во понеделникот од неговиот кабинет.

Санчез ќе патува заедно со неговиот белгиски колега Александар де Кроа, претставувајќи го актуелното и претстојното претседателство со Советот на ЕУ.

Предвидено е и двајцата лидери да се сретнат со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претседателот Исак Херцог и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, се додава во соопштението.

Педро Санчез во средата, пред потврдата што ја доби во четвртокот, рече дека ќе работи во следните четири години за да ја признае Палестина како независна и суверена држава.

„Новата влада ќе работи за признавање на палестинската држава. Мојата прва обврска за време на овој мандат ќе биде меѓународната заедница да и додели државност на Палестина бидејќи тоа е праведно барање на палестинскиот народ“, рече Санчез во средата за време на говорот во шпанскиот парламент.

Тој додаде дека признавањето на Палестина е единственото решение за долгогодишниот израелско-палестински конфликт, со цел да се исполни претходната иницијатива на Обединетите нации за формирање на две држави, Израел и Палестина.

Слични содржини