Повеќе од 3.100 бремени жени во Колумбија се заразени со вирусот Зика, што се  пренесува преку убод од комарци, информира претседателот на оваа земја Хуан Мануел Сантос, додека болеста продолжува брзо да се шири низ Америка.brazil-zika-birth-defects_a56a2db0-b430-11e5-87b3-9157ef61c9c7

Со оваа болест во Колумбија се заразени повеќе од 25.600 лица, рече Сантос во текот на средбата со претставници на здравствените власти, што била пренесувана на ТВ.

Вирусот Зика е поврзан со тешко оштетување на мозокот на новороденчињата – микроцефалија, која спречува мозокот на фетусот нормално да се развива, а засега не постои вакцина или лек.

-Засега во Колумбија нема забележени случаи на микроцефалија поврзани со Зика, рече Сантос.

„Предвидувањата се дека можеме да имама 600.000 случаи“, рече тој

Слични содржини