Саутгејт за Манчестер Јунајтед: Нема да преговарам со ниту еден клуб пред Европското

од Vladimir Zorba

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, е категоричен дека пред Евро 2024 нема да разговара со клубови кои би сакале да го назначат за свој тренер.

Во последниве недели се почесто се шпекулира дека новиот косопственик на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ретклиф, го идентификувал Саутгејт како еден од фаворитите за замена на Ерик тен Хег доколку клубот одлучи да се раздели со Холанѓанецот на крајот од сезоната. Сепак, Саутгејт, кој има договор со англиската ФА до декември, во моментов нема ништо на ум освен настапот на Англија на Европското првенство во Германија.

„Мојот фокус е на Европското. Да потпишевме нов договор пред ЕП 2024, сите ќе прашаа зошто е тоа направено пред финалето, каде треба да се докажеме. Сигурно нема да преговарам со никој друг пред тоа. Никогаш не сум направил такво нешто. Овде работам осум години. Не би сакал да преговарам со некој друг кога имам работа.

Пред се, јас сум селектор на Англија. Мојата работа е да постигнувам резултати на Европското, но пред тоа имаме две важни контроли. Второ, Манчестер Јунајтед има менаџер. Секогаш покажува многу непочитување кога се шпекулира дека менаџер ќе заземе нечие место“, рече Саутгејт на својата прес-конференција пред дуелот со Бразил.

Слични содржини