СДСМ: Актер првенец сега зема 52.000 денари, платите во културата се зголемени за 120%

од Nikola Popovski

Додека ВМРО-ДПМНЕ културните работници ги сведуваше на административни чиновници, Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за културата и уметниците, изјави Софија Ристевска од ОО СДСМ Битола.

Според неа, платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

-Или, по конкретни работни места, ако еден актер во втора група имал плата од 27.579 денари, денес тој добива плата од 39.735 денари. Актер првенец земал 34.402 денари плата, а сега зема 52,061 денар. Вработен во гардеробер за театарски костими имал плата од 14.818 денари, а денеска таа изнесува 22.480 денари. Во однос на колективниот договор, ја потсетуваме јавноста дека во културата цели 19 години немаше никаков Колективен договор, информира Ристевска.

Таа нагласи дека платите во културата ќе продолжат да растат и дека трудот на културните работници ќе се вреднува достоинствено.

Слични содржини